Кои документи треба да ги поднесам до подрачната единица на министерството за внатрешни работи за државјанство?


Заедно со барањето (формуларот) треба да ги  поднесете следниве документи:

    * извод од матичната книга на родените на детето;

    * доказ за државјанство на Република Северна Македонија на родителите;

    * доколку детето е малолетно, согласност од родителот  кој не е државјанин на Република Северна Македонија;

    * лична карта на родителот или старателот;

    * регулирано полномошно, доколку барањето се поднесува од овластено лице.

 

Забележете дека формуларот за запишување и формуларот за согласност се издаваат бесплатно во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.

Последно ажурирање: 10 јануари 2020