Дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Арапска Република Египет се воспоставени на 14. ноември 1994 година
Билатерална договорна рамка:
Склучени договори предмет на ратификација
1. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Египетската Влада за научна и технолошка соработка“
- склучена во Скопје, на 13 октомври 1997
- во сила од 9 февруари 2000 година
2. „Договор меѓу Македонската Влада и Египетската Влада за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на данокот од доход и данокот на капитал“
- склучен во Каиро, на 22 ноември 1999.
3. „Договор меѓу Македонската Влада и Египетската Влада за поттикнување и заемна заштита на инвестициите“
- склучен во Каиро, на 22 ноември 1999.
4. „Трговска спогодба меѓу Македонската Влада и Египетската Влада“
- склучена во Каиро, на 22 ноември 1999.
5. „Спогодба за културна соработка меѓу Македонската Влада и Египетската Влада“
- склучена во Каиро, на 22 ноември 1999.
6. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Египетската влада за соработка на полето на борба против криминалот“
- склучена во Каиро, на 22 ноември 1999
- во сила од 17 февруари 2010 година
Договори и документи кои не подлежат на ратификација
1. „Протокол за соработка меѓу Министерствата за надворешни работи на двете држави“
- Склучен во Скопје на 17 февруари 2010 година
2. „Протокол за соработка во областа на земјоделството меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Владата на Македонија и Министерството за земјоделство и мелиорации на Владата на Арапска Република Египет“
- Склучен во Каиро на 13 март 2016 година